Си биле четири свеќи кои полека гореле и во меѓувреме разговарале.Првата свеќа рекла: „Јас сум МИР … луѓето не успеваат да ме сочуваат, па нема потреба да продолжам да горам. Веднаш потоа се изгасила.
Втората свеќа рекла: „Јас сум ВЕРА … за жал многу луѓе немаат вера и јас не ги интересирам, нема смисла да горам понатаму.“ Веднаш по ова и таа се изгасила.
Третата свеќа гледајќи ги нејзините сестри, тажно почнала да раскажува: „Јас сум ЉУБОВ … немам повеќе сила, луѓето често забораваат на мене, се повеќе мислат само на пари.“ Парите биле нејзините последни зборови.
По кратко време во собата влегло дете:
Детето почанло да плаче и викнало: „Зошто, зошто, требаше да горите до крај“.
Тогаш се огласила четвртата свеќа: „Не плаши се, додека јас горам ќе може да ги запалиме повторно сите свеќи. Јас сум НАДЕЖ. “