Открија сперма стара 17 милиони години

Најстарата и најдобро зачувана сперма во светот, на 17 милиони години, беше претставена  во Австралија, објавија научниците од универзитетот во Нов Јужен Велс.Спермата од древен вид мали ракчиња била откриена во област во далечниот север на државата Квинсленд, каде што претходно беа пронајдени многу праисториски животни. Меѓу нив се гигантската птица и месојади – кенгури.

Мајк Арчер од катедрата по биологија, почвата и животната средина на Универзитетот во Нов Јужен Велс, кој копа во овој реон од 35 години, изјави дека спермата е возбудливо откритие.

„Тоа е најстарата фосилизирана сперма, откриена некогаш во историјата на геологијата”, тврди тој.

- Реклама -