Неверојатно е што сè може да се најде во напуштен автомобил

Автомеханичарите од една работилница во Њујорк пријатно биле изненадени кога во еден напуштен автомобил пронашле неочекувани, но симпатични патници.

Мохамед Танта, еден од автомеханичарите, слушнал на задното седиште на Фолксваген само загушен звук, а потоа открил три сокриени и гладни мачиња.

„ Беа толку слаби, не можеа ни да стојат“, вели за NBC работничката Карен Ридег која ја превземала грижата за мачките, а и помогнале и останатите механичари кои им купиле храна.

Мачињата со текот на времето станувале се посилни, започнале да се движат, да играат, па станале ѕвезди на работилницата.

Откако нивната приказна се појави во медиумите, телефните не престанале да ѕвонат, а многу гледачи сакале да ги вдомат мачињата, меѓутоа, сопственикот на работилницата Башар Орфали не сака да се одвои од своите миленичиња.

- Реклама -