Млади таленти танцуваат во центарот на Скопје

Не е никаков новитет да ви ги презентираме фантастичните танцувачки вештини на младиот тим  на Aqua Dance Club, кои во низа видеа постојано не уверуваат за нивниот прогрес и талент.Така, овој пат ви ги презентираме нивните две најнови видеа.

Првото е снимено во Градскиот парк во Скопје, а во него 10 млади танчери ги покажуваат своите вештини на кореографијата на Бенџамин Џафери, на песната од „Trasure“ од Бруно Марс.

Во видеото подолу пак Леонардо Хусеини танцува според сопствена кореографија на песната „Motel Pool“ од Тревис Гарленд.

Aqua Dance Club постои 14 години, а како самостојно студио работи четири години. Во ова студио успешно се пренесува хип хоп културата и танцот и на помладите генерации (за што сведочи и шестото место во Европа во категорија хип хоп деца), се негува чувството на љубов и желба кон танцот, се цени креативноста и трудот на секој танчер и се заложува до секој член да се пренесе главната цел на танцот – дружењето, забавата и радоста.

- Реклама -