Возачот на Mercedes, Британецот Луис Хамилтон, ја оствари својата прва победа во кариера на патеката во Каталуња, крај Барселона, за ГН на Шпанија. Пилотот на тотално доминантниот тим во досегашниот тек на шампионатот, успеа да го издржи притисокот на клупскиот колега Нико Розберг и да стигне до четвртиот триумф сезонава.
Трката и овој пат интересна ја направија возачите на Mercedeѕ, во борбата за првото место. Доколку некои „коцки“ се наместеа како треба и Розберг влезеше еден круг порано во бокс да менува гуми, можеби ситуацијата ќе беше поинаква. На крајот самиот Хамилтон, кому ова му беше 26 победа во кариерата, призна дека германецот бил побрз и доколку имало повеќе кругови тешко би ја задржал лидерската позиција.
На третото скалило од подиумот се искачи возачот на Red Bull, Даниел Рикардо. Австралискиот возач стартуваше како трет и стигна до целта на истата позиција, без никакви шанси дури да им се доближи на двата болида на Mercedes. Но, ова беше повеќе од доволно за славје, бидејќи ова е прв подиум во кариерата на Рикардо, откако третата место на отворањето на сезоната во Гран при на Австралија му беше одземено по дисквалификација. За комплетен блесок на Red Bull се погрижи Германецот Себастијан Фетел, кој го извади максимумот од својот RB10 и според многумина е најголемиот херој на трката во Каталуња. Четирикратниот светски шампион започна како 15, бидејќи како последица на проблеми со моторот во квалификациите беше десетти, а поради казната за замена на менувач следеа уште пет места подолу. До финалето Германецот успеа да „прескокне“ 11 позиции, го престигна на крајот и Валтер Ботас од Willimas, кој исто така оствари извонреден пласман, па финишираше како четврти.
Ѕвездата на Шпанија, милемикот на публиката, возачот на Ferrari, Фернандо Алонсо, не успеа да ги изарадува своите верни фанови на патеката Нандо заврши како шести, откако ја искористи подобрата стратегија и успеа да го помине на неколку кригови пред крајот својот клупски колега, Финецот Кими Раиконен. Иако, го загуби шестото место од Алонсо, популарниот Ајсмен видливо е дека има одреден напредок во болидот на Ferrari, како во квалификациите така и на патеката за време на трката и со седмата позиција го израмни најдоброто достигнување од отворањето на сезоната во Гран при на Австралија.
Голем успех за Роман Грожан, пилотот кој ги донесе првите поени за тимот на Lotus. Денес Французинот потсети на своите најдобри денови и со осмото место дава надежи на тимот за излез од тешката финансиска и техничка криза. Топ десет најдобри во Шоанија ги заокружуваат возачите на во Force India, Серхио Перез и Нико Хулкенберг. Најголемите губитници денес беа повторно пилотите на McLaren. Искусниот Џенсон Батон изостана на позиција од зоната на поени, на 12 место, пред клубскиот колега Кевин Магнусен.