Неверојатна апликација со која можете да прочитате книга од 300 страни за помалку од 77 минути!

На свет пристигна неверојатна апликација која драстично ќе го промени начинот на кој читаме е-книги, а можеби и самото читање.

Се работи за апликацијата Spritz, достапна (барем во моментов) само на Galaxy S5 смартфоните и Gear Fit смарт-часовникот. Револуционерното во апликацијата е што при читањето нема потреба да се движат очите – наместо тоа, треба само да се фокусираме на една точка.

Ваквото читање, верувале или не, ќе ни овозможи да прочитаме книга од 300 страници за помалку од 77 минути! За да го постигнеме ова, мора да читаме со брзина од 1000 зборови во минута, а токму тоа е моментот кога Spritz стапува на сцена.

Секој збор што го читаме има таканаречена „оптимална точка на препознавање“ или ORP (Optimal Recognition Point). OPR најчесто се наоќа на левата страна на зборот, а при читањето, нашите очи преминуваат од една на друга точка на препознавање, најчесто прескокнувајќи ги кратките зборови. Кога очите ќе ја пронајдат OPR, мозокот автоматски почнува да ги процесира значењата на зборовите што ги гледаме.

Spritz-aplikacija[1]

Spritz ја покажува OPR со црвена боја, а позицијата е секогаш иста – оттаму и немањето потреба да ги движиме очите. Покрај брзината што ваквото читање ја нуди, постојат и други големи придобивки, како немањето потреба од скролање и зумирање, особено на помалите уреди.

Така, додека во просек луѓето читаат по 200 до 400 зборови во минута, апликацијата ќе ни овозможи да читаме со брзини од 250 до 1000 зборови во минута. Еве како би изгледало тоа:

Foto: huffingtonpost.com
250 зборови по минута.
Foto: huffingtonpost.com
350 зборови по минута.
Foto: huffingtonpost.com
500 зборови по минута.

 

- Реклама -