Се ближи летото, журките, но и горештините… Што да се прави? Наша препорака: ледени алкохолни стапчиња! Нема многу филозофија, само малку желба за разладување.
Состојки:
– Алкохол по избор (водката е непогрешлив избор)
– Исецкано овошје по избор
Потребно ви е:
Ќесички за замрзнување (стапчести – како оние за сладолед), долгнавести чашки за ракија или што и да имате при рака, а може да ви послужи како калап. Можете да импровизирате колку сакате; важно е содржината да остане на своето место во замрзнувачот и да добиете елегантна форма која ќе ви овозможи целосно уживање во устата .
Начин на спремање:
Помешајте го алкохолот и овошјето, но не претерувајте со ова второво. Во алкохолот можете да додадете и малку сок или сируп. Содржината сипете ја во ќесичката, добро затворете ги и оставете ги да замрзнат.