„Лулашка на крајот на светот“ – обична дрвена лулашка закачена на област која се наоѓа на 2660 метри надморска височина. Истата, претставува неразумен предмет за забава од кој им се завртува во главата од самата помисла да се качат на неа, но за оние најхрабрите, таа е примамлив предизвик.
Оваа необична играчка е дел од куќата Каза де Арбол во местото Бањос во Еквадор, и стана навистина популарна меѓу оние кои сакаат патуваат во чекор со вобудата и адреналинот, иако секој погрешен потег на неа може да заврши фатално.
Направена е сосем едноставно, дрвено седиште и две јажиња врзани за шипка која и не изгледа баш најцврсто, а штрчи од една стара куќарка на дрво.
Оние кои биле доволно храбри да се залулаат на лулашката со широко отворени очи, велат дека ризикот се исплател, бидејќи како награда добиле прекрасни пејсажи, вклучувајќи го и погледот кон активниот вулкан Тунгурахуа.
Меѓу оние кои пробале се наоѓа и Силвија Пуховска од Словачка (30), која веќе 7 години патува низ светот, посетува необични места и за нив раскажува на патеписниот блог unboxingtravel.com.
Таа кажала дека нивото на адреналид е едноставно неверојатно, но дека погледот е неповторлив, а лулањето дека иако изгледа застрашувачки, сепак нема потреба за толкав страв. Имено, иако лулашката е направена на наједноставен можен начин, се додека цврсто се држите за неа и не правите некакви ризични потези, потполно сте безбедни.