Прва финална работилница Црвен крст

Викендов во центарот Солферино во Струга се оддржa првата ПХВ финална работилница во циклусот 2013-2014 година, на која што присуствуваа 53 млади луѓе од сите градови во земјава,  10 дисеминатори и 8 инструктури. На работилницата беа изработени вкупно 210 мали проекти. Имено, тие низ  креативни работилници, градеа рампи за хендикепирани лица, собираа средства за лекување, реновираа здравствени домови…

Вкупно тие помогнаа на преку 4000 лица, вложувајки преку 40.000 волонтерски часови со поддршка на нивните дисеминатори кои воедно се и наголемите мотиватори на овие младинци.

Младинците кои присутвуваа на оваа работилница беа од различно етничко, верско, социјално и географско потекло, тие работеа заедно и учеа за културата како систем од вредности, за комуникацијата, за тимот и тимската работа. Користејки ја својата креативност тие го изработија филмот преку кој ја доловија атмосверата на работилницата, флаер со нивнте впечатоци, драма за културата како систем од вредности со наслов “Погодете кој доаѓа на вечера”, невербална драма во која ќе го опишуваат своето учество и активности во текот на целиот циклус, подотвија кратки рекламни скечеви со кои ги промовираа вредностите и активностите на Црвениот крст, танцуваа, рецитираа и пеаа на различни јазици, и сето тоа под мотото Препознавање на различностите.

Со ова е направена подготовка за она што сите заедно ќе го подготвуваме за Неделата на Промоција на хумани вредности од 21 до 27 септември, кога во сите општински организации на црвен крст во секој град младинците по трет пат заедно ќе го промовират мирот, толеранцијата и меѓусебно почитување преку заеднички активности.

Поддршка за ова работилница дадоа Германскиот Црвен крст, Црквата на Исус Христос и светците од подоцнежните дни како и компанијата Кабтел.

- Реклама -