Има неколку фактори кои влијаат врз болката која ја чувствуваме во овој случај, дел поврзани со хартијата, дел поврзани со кожата.
Како прво, на кој дел од телото се случува исекотината? Најголемиот дел од овие исекотини се случуваат на прстите и рацете. Рацете се значително комплицирани сетилни инструменти преполни со нервни завршетоци. Тие се чувствителни на температура, притисок и болка, и се позастапени во рацете отколку било кој друг дел од телото.
Повреди на рацете и прстите се позабележителни од повреди на други места. Малите исекотини од хартија на друг дел од телото не би биле толку болни. Она што дополнително ги влошува работите е што и понатаму мора да ги користите вашите раце. Постојаното движење на кожата ги раздвојува страните на исекотината што го одложува заздравувањето и ја зголемува болката.
Но и покрај тоа што рацете се почувствутелни зошто болката од исекотина од хартија е поинтензивна од исекотини од ножеви? Сечилото на нож, дури и најтапиот нож е релативно поправо и поостро од флексибилниот раб на хартијата. Кога нож сече низ кожа тој остава релативно чиста исекотина. При исекотина од хартија флексибилноста на хартијата прави повеќе микроскопски исекотини кои го зголемуваат бројот на нерви кои пренесуваат сигнал на болка до мозокот.
Дополнително хартијата прави многу поплитки исекотини споредено со други предмети. Плитка исекотина ќе крвари многу малку или воопшто нема да крвари. Без згрутчувањето на крвта нервите околу исекотината остануваат изложени на воздух и други надворешни елементи што може да ја направи болката позабележителна и подолготрајна. [Why do paper cuts hurt so much?]