Пет супер моќи на закуската која мора почесто да ја јадете

На листата на најздрава храна најчесто се наоѓаат јаткастите намирници а најпопуларни од нив се оревите и бадемите, а нивен близок „роднина“ се и фстаците кои се неоправдано запоставени.

Малите зелени плодови всушност се моќен сојузник во забрзувањето на вашиот метаболизам, голем непријател на лошиот холестерол и значителен помошник во забавувањето на стареењето.

Малите зелени плодови, скриени под тврдата лушпа во себе кријат придобивки за нашето здравје поради кои фстаците заслужуваат важно место во секојдневната исхрана.

1. Конзумирањето на фстаци за само неколку недели го намалува лошиот холестерол до 20 проценти, за кое е одговорна големата количина на антиоксидансот лутеин со кој ова мало зелено овошје изобилува.

2. Фстаците се одличен извор на растителни влакна, во само 100 грама се наоѓа 10.3 грама диетални влакна, кои се клучни за забрзување на вашиот метаболизам и ги олеснува проблемите со варењето.

3. Регулатор з шеќерот во крвта. Една чаша фстаци содржи повеќе од 60 проценти од препорачаната дневна доза на фосфор. Освен што овој минерал ги крши протеините во амино киселини, фостфорот ја подобрува и толеранцијата на глукоза.

Прочитајте и:  Колку јајца можете да јадете на ден ако имате висок холестерол?

4. Една студија покажа дека фстаците ја зголемуваат сексуалната моќ кај мажите. Доколку редовно се конзумираат фстаците, сексуалната моќ кај мажите се зголемува за дури 51 процент за кое се одговорни есенцијалните масни киселини. Ти всушност помагаат во произведувањето на сексуалните хормони и го зголемуваат протокот на крв во гениталиите.

5. Фстакот е рекордер меѓу јаткастите овошја според количината на антиоксиданси кои се клучни за обновување на клетките во телото и поради кое се нарекува и природен ботокс. Пет до десет фстаци дневно се препорачува во борбата против брчките.

Совет: Со оглед на тоа дека 10 грама фстаци содржат 542 калории, оваа закуска треба да се конзумира во умерени количини. Во тоа може да ви помогне едноставен трик: кога ги купувате секогаш бирајте ги неисчистените фстаци, бидејќи при отварањето на секој плод ќе имате визуелен знак колку од нив сте изеле.

- Реклама -