NOW: In the Wings On A World Stage е нов документарен филм од извршниот продуцент Кевин Спејси

NOW: In the Wings on a World Stage нè носи заедно со 20 британски и американски актери на десет-месечна меѓународна турнеја за „Richard III“, предводена од Кевин Спејси во главната улога како и извршен продуцент, а режирано од Сем Мендез.

 

Филмот е на продуценската куќа „Bridge Project“ на Мендез, која е првата театарска компанија која што на театарската изведба ѝ дава нова форма додека патуваат низ девет града. Револуционерната изведба на Спејси како опојниот од моќ Ричард ја уништува неговата фамилија и сите што ќе се најдат на неговиот пат, исто така, можеме да видиме како тој го демонстрира актеркиот тим во негово водство и како помага да се обединат и да се добие најдоброто од групата.

1195082 NOW In The Wings On A World Stage NOW: In the Wings On A World Stage Review

Овој филм ни нуди привилигиран поглед на процесот на составање на претстава заедно, и нè втурнува во метежот и вревата која се случува зад завесата.

Овој филм е една студија во контрасти: трансатланските актери имаат различна обука, ниво на искуство, и воздрасти; градовите и културите со кои се соочуваат се егзотични и разновидни, со живописен судир меѓу древните цивилизации како Пекинг и Доха, и футуристичката архитектура на нивните театри.

Спејси и Мендез имаат соработувано и порано на филмот „Американска убавина“, за кој тие добија награда од Академијата за најдобар актер и режисер, и за најдобар филм.

- Реклама -