Како да го задржите волуменот на косата и кога не е свежо измиена?

После само една преспиена ноќ, волуменот на косата најчесто се губи. Косата е „спласната“ а фризурата ја нема. Еве неколку едноставни совети и трикови за тоа како фризурата да ви трае подолго и како да и „дадете живот“ на вашата коса.

Користете шампон за суво миење на коса

Овие шампони и спејови за суво миење, освен што ја неутрализираат масноста на косата, го подигнуваат коренот и и даваат волумен. Нанесете го, почекајте неколку секунди, а потоа со прстите измасирајте го темето или исчеткајте ја косата. Ќе забележите голема разлика.

volume without teasing3

Користете фигаро

Меките локни и брановидната коса изгледаат погусто од рамната. Купете си фигаро за покрупни локни и навијте ја косата од линијата на ушите па се до речиси самиот крај на должината (оставете 2 до 2.5 цм на крајот). Запомнете, што поголемо е фигарото, толку поприродна и помека е косата. На крајот растресете ја, обликувајте ја со прстите, или исчешлајте ја наназад со густа четка за коса.

Користете лак, пена или гел за волумен

Постојат бројни препарати кои се нанесуваат директно на самиот корен на косата, но и на краевите за да би се постигнал волумен. Добрата работа кај ваквите средства е што не ја лепат или „мрсат“ косата, важно е само да не содржат алкохол.

Спијте со коњски реп, лабава пунџа или плетенка

Доколку косата ја врзете во високо коњско опавче, наутро ќе имате волумен на коренот, а краевите ќе ви останат рамни. Доколку пак истата процедура ја направите со пунџа или плетенка, наутро освен волумен ќе имате и меки брановидни прамени.

Доколку при рака немате ниту фигаро, ниту сув шампон, обидете со прстите да ги измасирате врвовите на косата и со густ чешел благо да ја натапирате.

- Реклама -