Карл Мор, рибар од САД во Мексиканскиот Залив во близина на Ки Вест тргнал да лови ракчиња, но неочекувано од морето уловил сосема непознат вид на животно.
Имено, станувало збор за гоблин, редок вид на ајкула кој изгледа како праисториско чудовиште, а ова е втор пат во историјата некој да видел вакво нешто во Заливот на Мексико.
Ајкулата била долга шест местри, стара 125 години, а истата била уловена на околу 600 метри под морската површина.
“Немав идеја што би можело да биде тоа. Има толку остри заби. Не ми ни падна на памет да го задржам гоблинот, туку само набрзина направив неколку фотографии“.
Тој вели дека потоа ја вратил онаму каде што припаѓа, на морскиот свет.
„Тоа е мој океан и се што се наоѓа во него ме интересира. Знам да проценам што треба да се зачува во океанот“.