Богатството на вкусот и мирисот, едноставната подготовка и користење на само свежи намирници се основните и главните карактеристики за кујната Шибеник, во Хрватска.
Приморјето и селската идила допринесуваат во изборот на јадењето, па оваа кујна има двоен карактер- додека „морскиот“ дел од менито прородно се однесува на сето она што доаѓа од морето, гастрономијата и уникатноста на оваа кујна се основа на месо.
И додека оваа кујна врие од оброци од ракови или школки, рибји чорби, рижито со морски плодови или вкусна рибина супа, кога станува збор за месните јадења, омилен начин на подготвување е традиционалниот начин под вршник.
Јагнешкото или свинското месо подготвени на овој начин, со додавање на печени компири и свежа салата, е класично и незаборавнио гастро- искуство! И месните и рибните специјалитети се подготвени на ражен или скара, по избор на гостинот.
Како препорака од најголемите гурмани не се пропушта дрнишкиот пршут. И самиот сертификат кој го има ова место за заштита на домашните производи, денес Дрниш и официјано е познат како Град на пршутот! Традиционалниот процес за неговото производство трае цели 18 месеци.
Од традиционалната храна, исклучително популарен и неопходен е „сопањак“- тесто наполнето со мешавина на маслинки, смокви и маслиново масло, како и соленото сирење и кашкавал.
Бројни тематски села околу градот, покрај вкусната и домашна храна, нудат широк спектар на објекти и автентичен приказ на домородните традиции и обичаи.