На мажите им се потребни 2 минути секс

Само две минути им се потребни на 45% од мажите, за да стигнат до оргазам.

Ова го покажува новото истражување спроведено од секс експертот  Хари Фиш. Во својата нова книга тој открива некои интересни заклучоци до кои стигнал по долгогодишната работа со пациенти.

Излегува дека паровите имаат секс два до три пати неделно. Сексот во просек трае седум минути.

Но,  речиси  половина од претставниците на посилниот пол се задоволени за две минути, што не е доволно за нивната партнерка. За жените се потребни меѓу пет и седум минути сексуален однос, за да доживеат оргазам.

Паровите на 20 години имаат секс секој ден. Партнерите помеѓу 30 и 50 години се оддаваат на телесни искуства два пати неделно, а по 50-тата година  сексот намалува до еднаш неделно.

Но според експертот, квалитетот на сексот е многу поважен од квантитетот.

- Реклама -