Apple потрошил 3 милијарди за нови смартфони

Според најновите податоци Apple потрошил неверојатни 3 милијарди долари за инвестирање во нови производствени капацитети, нова технолошка опрема и голем дел од средствата се искористени од одделот за развој и истражување кој работи на нови категории на производи.

Оваа огромна инвестиција треба да донесе сосема нов вид на производи како што се iPhone смартфони со големи екрани, iWatch паметни часовници и Apple TV сет боксови. Во третиот квартал од 2014 година се очекува новиот iPhone 6 кој ќе ги исполни желбите на фановите со екран од 4.7 инчи, а нешто подцна ќе биде промовиран и првиот фаблет со големина од 5.5 инчи.
Токму оваа година Тим Кук директорот на Apple ја означи како вовед во области во кои компанијата досега не учествувала со примена на голем број на иновации кои ќе помогнат во одржување на водечкото место во технолошката индустрија.
Teкстот е објавен во соработка со Telefoni.com.mk
- Реклама -