Данска ја има најсреќната работна сила, а зад неа следат Австрија и Белгија, покажуваат резултатите од Евробарометарот од Брисел.
Како што пренесува интернет страницата „EUobzerver“, според резултатите од истражувањата, 94% од Данците се задоволни од условите на работа.
Всушност, поовеќе од 80% од испитаниците во Данска, Луксембург, Финска и Холандија сметаат дека имаат „добри“ услови за работа.
На дното на листата се наоѓа Грција, како единствена земја од ЕУ во која помалку од половина работници се изјасниле како задоволни од условите. Дури 16% од работниците во овие земји сметаат дека нивната земја е добро место за наоѓање работа, а 38% се задоволни од условите.
Истражувањата покажале дека повеќето Европјани се задоволни од правата кои ги нудат законите за работа во Европската Унија. Секој девети испитаник навел дека годишно има најмалку четири седмици платен одмор, додека другите испитаници навеле дека во нивната работа постои „флексибилност“ околу работните часови.
Сепак, секој шести испитаник признал дека условите за работа драстично се влошиле во последните пет години, како резултат на растењето на невработеноста и намалувањето на заработувачката ширум Европа.
Комесарот на ЕУ за вработување, Ласло Андор, изјавил дека Унијата има голема одговорност да обезбеди добри услови за работа кои ќе доведат до висок степен на задоволство меѓу европските работници, но и дека се плаши дека условите за работа можат да „трпат“ заради економската криза.