Google Street View, познатата апликација на најпопуларниот интернет пребарувач, од минатата седмица доби нова опција која на корисниците им овозможува патување низ времето, се до 2007-та година, кога сервисот започна со работа.
„Отсега па натаму ќе можете да патувате низ минатото и да гледате како се менувале местата низ последните неколку години“, напиша Винеј Шет на официјалниот Google блог.
Тој додал дека овој сервис може да се искористи на повеќе начини, па дури и во целост да се изучи настанувањето на одредени знаменитости, како Статуата на слободата во Њујорк, или бразилскиот стадион во Форталеза, каде ќе се одржи и годинашното светско првенство во фудбал.
„Овој додаток исто така може да послужи и како дигитален “timeline” на скорешната историја, на пример за резимирање на она што се случувало во текот на страшниот земјотрес и цунамито во Јапонија во 2011 година“, додал Шет.