Неколку корисни акции што можете да ги направите со среден клик на маусот

Тркалцето во средината на вашиот маус е многу покорисно отколку за самото скролање. Можеби знаете некои од примените, но сигурно не ги знаете сите. Затоа, продолжете да читате:

sbfymygi8ywroppradgj[1]

Во вашиот пребарувач

Сеедно дали е Mozilla, Chrome или дури и Internet Explorer, со кликање на тркалцето ќе можете:

  • да затворите таб, со среден клик на табот
  • да отворите дупликат на активниот таб, со среден клик на reload копчето
  • да отворите линк во нов таб, со среден клик на линкот (ова работи и во паѓачкото мени на address bar-от, но и со копчињата back и forward)
  • да ги отворите сите букмаркирани линкови во одреден фолдер, со среден клик на фолдерот во bookmarks bar-от
  • да вклучите автоматско скролање, со среден клик на веб-страна
  • да пастирате текст во Firefox, со тоа што ќе треба да ја вклучите опцијата middlemouse.paste во about:config менито

Во оперативниот систем

Покрај акциите што можете да ги извршите во пребарувачот, и самиот оперативен систем Windows содржи неколку кратенки кои можете да ги активирате со среден клик на маусот:

  • отворете нова инстанца или прозорец на програмата во употреба, со среден клик на нејзината taskbar икона
  • затворете прозорец, со тоа што ќе поминете над неговата taskbar икона со курсорот, и среден клик на активираниот thumbnail
  • активирајте автоматизирано скролање во Microsoft Office, со среден клик во документот
- Реклама -