Превкусен десерт од 3 состојки кој може да го приготви секој

Откако пред извесно време ви покажавме како се прави превкусен сладолед од само една состојка (банана), денес ви покажуваме сличен рецепт, но малку збогатен. Имено, и денешната закуска е наменета за љубителите на „брзи“ десерти, а овој подолу ќе успеете да го приготвите за само десетина минути.

Состојки:

– неколку банани
– чоколадо за готвење
– кокос, мрвици, мелени ореви, бадеми или лешници (доволна е и само една од овие состојки)

Подготовка:

Најпрвин добро го растопувате чоколадото, на тивок оган за да не добие загорен вкус. Бананите ги лупите и ги сечете на кругови. Со вилушка, парче по парче потопувате во чоколадото. На крајот, извалкајте ги во кокос, ореви или некоја друга состојка која ќе го создаде финалниот вкус на оваа слатка закуска.

Кога ќе ја повторите постапката со сите парчиња банана, ставете го садот со колачиња во замрзнувач додека не се стврднат (оставете да отстојат околу 6 часа). Потоа, префрлете ги во фрижидерот.

Уживајте! 5329d762dbfa3f606600df2b._w.1000._h.1000._s.fit 5329d772dbfa3f725f005d21._w.1000._h.1000._s.fit5329d7b1dbfa3f725f005d2a._w.1000._h.1000._s.fit5329d7b6dbfa3f512a006e73._w.1000._h.1000._s.fit5329d7d3dbfa3f607500e670._w.1000._h.1000._s.fit5329d79ddbfa3f2ef400aaee._w.1000._h.1000._s.fit5329d80edbfa3f512a006e82._w.1000._h.1000._s.fit5329d84fdbfa3f3a1000c51a._w.1000._h.1000._s.fit 5329d829dbfa3f725f005d40._w.1000._h.1000._s.fit 5329d885dbfa3f5fd5002434._w.1000._h.1000._s.fit5329d88bdbfa3f606600df5e._w.1000._h.1000._s.fit5329d87adbfa3f605f00e166._w.1000._h.1000._s.fit5329d8e2dbfa3f2ef400ab27._w.1000._h.1000._s.fit 5329d911dbfa3f607500e6a7._w.1000._h.1000._s.fit532b93abdbfa3f401b0006d3._w.540_s.fit_

 

- Реклама -