Кога луѓето одат под нож за пластична хирургија тие се надеваат дека ќе излезат од операцијата изгледајќи малку поинакво и многу подобро.
Но, некои пластични хирурзи во Јужна Кореа се толку талентирани што ги оставаат своите пациенти со неочекуван проблем.
Тие што отишле во странство за да ја имаат операцијата, во некои случаи, се трансформирани толку многу што имаат проблем да поминат низ пасошката контрола на пат накај дома, бидејќи се непрепознатливи.
Според корејските сајтови Onboa и Munhwa, некои болници издаваат „сертификати за направена пластична операција“ на пациентите за да им овозможат враќање дома.
Овие сертификати вклучуваат број на пасош, името на болницата каде биде оперирани и време-траењето на нивната посета во Јужна Кореа.
Јужна Кореа брзо станува домот на пластичната хирургија и луѓето таму имаат најмногу козметички процедури по глава на населението, според глобалните бројки објавени минатата година од страна на Меѓународното здружение на естетска пластичните хирурзи.