Најновата гејмерска конзола која наскоро ќе се појави на пазарот се нарекува Funbox. Нормално, таа е еден вид кутија со која ќе се забавувате, па оттука и логичноста на нејзиното име. Од самиот старт, фактот дека е Android конзола, повеќето луѓе ги тера на размислување дека нема никакви шанси со мејнстрим конзолите кои владеат денеска, а секако ако земеме в предвид дека денеска постојат навистина лесни и едноставни начини да го поврзете вашиот уред со телевизорот и да користите Bluetooth гејмпад, тогаш дефинитивно Funbox изгледа непотребно и некорисно.
Funbox е одговор на ZTE на потребите за гејмерска конзола на Android заедницата и како таква, таа има импресивни спецификации, почнувајќи од цената.
Funbox чини околу 130 евра и се одликува со Nvidia Tegra 4 процесор, 2GB RAM и 8GB складишен простор за сите игрици. Визуелно малку потсетува на OUYA и има 2 USB портови, користи HDMI за конекција односно поврзаност со големиот екран и ethernet во случај ако несакате да користите WiFi.
Функционира на Android 4.3 Jelly Bean верзијата и има Dolby Digital аудио подршка. Било како било, не е на одмет да ја имамe.
Teкстот е објавен во соработка со Socialnet.mk