Обоеноста надвор од контурите создаде бројни култни класици во текот на годините. И не зборуваме само за пресврти во последен момент, како во “Психо” (Psycho), туку за култни филмови кои ќе ви го држат вниманието со својата динамика и непознатост, за на крајот да ве натераат да се почешете по главата и да се запрашате: „Што по ѓаволите гледав?”. Овие 10 предлози ќе ве возат лудо, додека се обидувате да ги откриете нивните тајни.
1. Адаптација / Adaptation (2002)
Aдаптација е американски филм на Спајк Џоунс, со Мерил Стрип во главната улога. Филмот е направен според книгата „Крадецот на Oрхидеи“, на писателката Сузан Орлин. Крис Купер за својата улога освои Оскар за најдобар спореден актер, додека Стрип и Кејџ заслужено добија номинации.
2. Да се биде Џон Малкович / Being John Malkovich (1999)
Исто како “Адаптација”, “Да се биде Џон Малкович” е режиран од Спајк Џонс и напишан од Чарли Кауфман. Исто така е целосно откачен филм. Се разбира, самиот Малкович е во главниот лик, а John Cusack открива портал кон умот на актерот. Но, ова е само почеток на еден тотално чуден филм, кој влегува во толку многу надреалистични кривини што Џон почнува да живее во Малкович…
3. Црниот лебед / Black Swan (2010)
Режисерот Дарен Аронофски (Darren Aronofsky) се обидува да ве шокира со оваа класична приказна за млада танчерка (Натали Портман), која не се штеди за улогата на црниот и белиот лебед. Дали нејзината трансформација конечно треба да биде прифатена буквално? “Црниот лебед” е визуелно уживање и преголема драма за границата помеѓу лудилото и уметноста.
4. Дони Дарко / Donnie Darko (2001)
“Дони Дарко” е многу работи, но главно е филм за патување низ времето со толку заплеткана приказна што дури постои и продолжена верзија, со цел да се објасни. Но, штом му го фатите ритамот, тој се открива како единствена приказна за времето, смртта и пожртвуваноста. Дајте му шанса, најчесто втора…
5. Боречки клуб / Fight Club (1999)
Како повеќето режисери во оваа листа, Дејвид Финчер (David Fincher) ретко игра по вообичаените правила. За најдобриот филм, тој го прилагодува саканиот роман на Чак Паланик за борбата на еден маж со себе. Со Бред Пит (Brad Pitt) и Едвард Нортон (Edward Norton) во главните улоги, тој создал уметничко дело, кое се труди да ве збуни на секој чекор.
6.Inception (2010)
Приказната за тимот трагачи на соништа, продира подлабоко во потсвеста на метата и е неверојатно оригинална и возбудлива за гледање. Но и отворена за многу дебати.
7. Мементо / Memento (2000)
Кристофер Нолан (Christopher Nolan) стана познат со овој збунет трилер за маж, кој ја губи краткотрајната меморија. Повеќе не ви откриваме, само срдечно порачуваме.
8. Персона / Persona (1966)
Дедото на сите збунувачки филмови е од 1966 и е дело на Швеѓанецот Ингмар Бергман (Ingmar Bergman). Многумина велат дека овој филм е инспирација за Црниот лебед.
9. Летoт над кукувичкото гнездо / One Flew Over the Cuckoo’s Nest
Во овој култен филм носечки лик е маж кој се наоѓа во лудница, за проверка дали тој треба да оди во затвор или е луд. По некое време, нештата започнуваат да ги минуваат границите.
Дефинитивно одличен филм кој ќе ве поти, смее и вознемирува во истиот момент.
10. Седум / Se7en
Седум е класичен трилер кој има изненадувачки реален крај, а нема да престане да ве инстригира во ниту еден момент. Филмот е најпознат по убиецот, кој извршува злосторства водејќи се по седумте смртни гревови.