Книга: „Стив Џобс“ од Волтер Ајзаксон

Врз основа на повеќе од четириесет интервјуа со Стив Џобс направени во тек на цели две години – како и врз основа на интервјуа со над сто негови роднини, пријатели, непријатели, ривали и колеги – оваа книга е хроника на неговиот возбудлив живот и див карактер.

Џобс му се предаваше на својот немирен, интуитивен порив и успеа да изврши револуција во шест различни индустрии: персоналните компјутери, анимираните филмови, музиката, мобилните телефони, таблет-компјутерите и дигиталното издаваштво.

Во време кога општествата од целиот свет се обидуваат да изградат економија што ќе биде во тек со дигиталната ера, Џобс е иконата за креативност и применета имагинација. Знаеше како да создаде вредност во дваесет и првиот век: ја поврза имагинацијата со технологијата, создаде компанија во која креативноста беше на исто ниво со високата технологија.

Џобс е искрен, можеби и претерано искрен, за луѓето со кои работеше, соработуваше и се натпреваруваше на пазарот. Исто така, неговите пријатели, непријатели и колеги нудат искрени прикази за она што го сакаше и го мразеше, за неговите демони, за перфекционизмот, за желбите, мајсторството, ѓаволштините и опседнатоста со контрола, сето она што ги обликуваше неговиот пристап кон работата и иновативните производи што резултираа од вложениот труд.

Прочитајте и:  Младата поетеса Пауновска, во Данска направи промоција на книгата поезија „Нецелосна“

Знаеше да ги разбесни и да ги фрли во очај блиските. Но неговиот карактер и производите што ги создаваше беа тесно поврзани, исто како што се поврзани хардверот и софтверот на производите на „Епл“. Неверојатната приказна за животот и делото на Стив Џобс е токму оваа мајсторски напишана биографија, исполнета со лекции за иновација, карактер, вредности и раководство.

Повеќе информации за книгата ќе најдете на веб-страницата на Издавачкиот центар ТРИ или на Фејсбук страницата „Вљубени во книгата“.

Добитници на „Историчарка“ се:

1. Данче Данева
2. Игор Шапески
3. Ана Стојкоска

- Реклама -