Постојат денови кога жените едноставно не можат да престанат да размислуваат на тоа како и кога ќе се најдат во ист кревет со нивниот партнер.
Од првиот до седмиот ден во месечниот циклус жените се најмалку расположени за секс. Во деновите пред циклусот жените не сакаат да се впуштаат во сексуални односи бидејќи им паѓа нивото на хормонот естроген.
Жените се најрасположени за секс од осмиот до 14-от ден после менструацијата. Тогаш се најплодни, па доколку не планирате да имате потомство во скоро време, контрацепцијата е задолжителна. И за мажите се жените најпривлечни токму во овој период бидејќи тогаш тие овулираат. Иако повеќето жени за ова не се свесни, сепак, токму во тој период тие имаат моќ да ги привлечат мажите.
И меѓу петнаесетиот и дваесетиот ден трае силен сексуален нагон, па искористете го што е можно подобро.
Од 21-от ден до 28-от расте нивото на прогестерон, а тоа е знак дека се приближува втората менструација и дека желбата за секс полека опаѓа. Исто така, жените во овој период се чувствуваат помалку секси.