Чувајте ги забите – заштитете го срцето!

Уште едно истражување ја потврди поврзаноста на здравите заби со здравото срце. Научниците откриле дека здравјето на десните заби влијае дури и на крвниот притисок и нивото на холестерол во телото. iStock_000008377727XSmall

Во истражувањето учевствувале 15.828 испитаници, а сите имале одредени проблеми со здравјето на срцето. Во текот на истражувањето одговарале на прашањата поставени од научници а поврзани со здравјето на усната шуплина, особено забите.

Воочено е дека речиси сите пред проблемите со срцето имале потешкотии со забите. Секако, во предвид биле земени и други фактори кои се однесувале на животните стилови на испитаниците, како исхраната или пушењето.

„Се уште се потребни и други истражувања, но нема сомнеж дека постои поврзаност меѓу здравјето на забите со работата на срцето. Токму затоа е од особена важност луѓето да водат сметка за здравјето на усната шуплина“, рекла др. Ола Ведин од Универзитетот во Упсала.

Прочитајте и:  Лекар предупредува дека на повеќето луѓе им недостасуваат овие 5 витамини
- Реклама -