Британката Ема Хаслам (27), докажа дека не е неопходно да се има совршена линија за да се стане успешна танчерка на шипка.
Ема е висока околу метар и пол и има нешто помалку од 100 килограми, но тоа не ја спречува со леснотија да го изведува нејзиниот танц околу шипка. Всушност, таа важи за најтешка танчерка на шипка во светот.
„Не е важно колку години имате, обликот или големината на телото. Секој може да научи да се занимава со ова, нема ограничување“, смета Ема. Таа ја освои интернет јавноста со својата храброст, самоувереност и талент.
Ема ќе организира меѓународен натпревар за танц околу шипка на 19 април во Нотингем. Според нејзините зборови, станува за еден од поголемите настани од ваков тип, а предвидено е учевство на 50 натпреварувачки. Таа изјавила и дека се надева дека овој натпревар ќе успее да ја заинтересира уште повеќе јавноста за овој вид на танцување.