Половина Македонија под снег: Идилата низ фотографии

Речиси половина Македонија ова априлско утро беше покриена со снег. Во голем дел од градовите во Западна Македонија снегот почна да врне уште синоќа и продолжи и утрово. Тетово, Гостивар, Струга, Дебар, Маврово па дури и Охрид наликуваат на вистинска зимска идила. Иако снегот не се задржува долго, сепак, некаде снежната покривка е дебела неколку сантиметри што е сосем доволно за зимски пејзаж.

Забрана за тешки товарни возила е воведена од изутрината на Ѓавато, на патниот правец Гостивар-Маврово-Дебар, Гостивар-планински превој Стража-Кичево и Струга-граничен премин Ќафасан.

Иако интервенираат екипи на  ЈП „Македонија пат“, коловизите се влажни и со остатоци од кашест снег поради што се препорачува внимателно возење, прилагодена брзина на движење и почитување на поставената сообраќајна сигнализација.

Прочитајте и:  Ангелов: Државата е подготвена за претстојни врнежи од снег, надлежните нема да бидат изненадени

Посебно внимание е потребно на делниците кои минуваат низ клисурите и засеците, особено на патните правци Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Демир Капија – Удово, Кочани – Делчево и Берово – Виница, каде е можна почеста појава на одрони.

Поради влажноста на снегот и тежината има скршени гранки и дрјва, во чие расчистување е вклучена и Територијалната противпожарна единица.

Во продолжение уживајте во снежното априлско Маврово:

mavrovo-500

mavrovo2-500

mavrovo3-500

- Реклама -