Оваа недела во Берлин се одржа официјалната церемонија на доделувањето на овогодинешните “Европски гејмерски награди” ( European Games Award , EGA ), каде победници станаа GTA V и Battlefield IV.
Шкотланѓаните од Rockstar North и Grand Theft Auto V си заминаа со награди за “Најдобра европска игра ” , “Најдобра европска акциона игра ” и “Најдобар звук ” . Шведското студио DICE и нивната Battlefield IV победија во категориите “Најдобар мултиплеер” и “Најдобра уметничка режија ” .
Меѓу другите наградени беа имињата на Beyond: Two Souls ( “Најдобра авантура ” ) , Total War : Rome 2 (“Најдобра стратегија “) , Crysis 3 (“Најдобар гејмерски дизајн “) , Reus ( “Најдобра” инди ” игра “),World of Tanks : Xbox 360 Edition ( “Најдобра конзолна игра ” ) , Empire : Four Kingdoms ( “Најдобра мобилна игра ” ) и Goodgame Empire ( ” Најдобра европска игра за прелистувачи” ) . За “Личност на годината” беше прогласен шефот на Wargaming Виктор Кислиј, најдобара компанија : Goodgame Studios , а за најдобар европски издавач беше определен Ubisoft .
Текстот е објавен во соработка со Socialnet.mk