Секој еден од нас конзумира дроги во некаква форма – свесно или не. Ова може да ви изгледа страшно, но експертите тврдат дека е факт. Кофеинот е мек стимулатор, кој може да ја подобри мозочната активност, а познат е претежно со неговата способност привремено да ја потиснува поспаноста. Имено, тој е најшироко користениот психосоматски стимулатор во светот.
Многу здравствени професионалци го покренуваат прашањето дали кофеинот е штетен или корисен. Кои се ризиците и кои се придобивките за оние кои консумираат храна / пијалоци кои содржат кофеин? Корисните ефекти при напнатост и стрес, се тестирани пред сè од спортисти за време на важни натпревари:
– ја зголемува способноста на луѓе во стресни ситуации да се справат со негативните иритации;
– го подобрува времето за реакција во ситуации на продолжен недостаток на спиење;
– ја подобрува способноста за меморирање во стресна средина;
– го подобрува учњето на информации во стресна средина.
Други позитивни ефекти: Кофеинот може да има многу позитивни ефекти врз крвните садови на мозокот кои при оток, може да предизвикаат болно пулсирање. Бидејќи кофеинот работи на намалувањето на овие крвни садови, тој може да ги намали или дури да ја отстрани целосно оваа болка предизвикана од главоболки. Истражувањата докажаа дека има позитивен ефект врз респираторниот систем. Според нив кофеинот ги намалува симптомите на астмата, бидејќи тој е „брат“ на хемискиот теофилин што ги проширува дишните патишта кои водат до белите дробови. Се уште има спорови околу реалниот ефект од земањето на кофеин и придобивките за учењето. Некои научници сметаат дека ефектот е повеќе негативен за меморирање во времето (постојаната меморија).
Кои се ризиците од кофеин:
Забележан е пад на продуктивноста на трудот, по што настанува губење на мотивација, надуена склоност кон конфликти. Кај групи, изложени на истиот ефект , на пример со нешто помеѓу 3 и 5 чаши кафе дневно нагло се намалува индивидуалната и групната продуктивност на трудот и се зголемуваат социјалните тензии во тимот. Обично внесувањето на 300 до 400 мг кофеин во рамките на 8 часа може да доведе до предозирање на централниот нервен систем, наречено кофеинско труење. Жените се изложени на ризик, со тоа што главната опасност од потрошувачката на кофеин е поврзана со развојот на неродените деца .
„Жените кои консумираат 250 мг кофеин дневно (2-3 шолји кафе) зачнуваат малку побавно”, а исто така и: „Потрошувачката на 5 или повеќе шолји кафе дневно за време на бременоста го зголемува ризикот од спонтан абортус.”