Неколку занимливости за „дедото кој сите го сакаме“

1226685722.jpg Како што се ближи Новата година. Ви претставуваме неколку интерсени работи за Дедо Мраз, па вие одлучете дали е вистинит или не:)

 

prviot_moderen_santa.jpg

Aмериканската верзија за Дедо Мраз, или Свети Николас оригинално доаѓа од Данската верзија наречена Sint Klaas. Данците кои живееле во Њујорк ја донеле оваа весела традиција во Америка:

– Весел стар човек со црвено-бела облека.
– 8 летечки елени, на кои подоцна им се придружува и Рудолф, црвеноносиот елен.
– Дом лоциран некаде близу Северниот Пол.
– Навика да полни чорапи со подароци на ноќта на 24 Декември.
– Навика да влегува во домовите преку оџаци.

Најважен извор за оваа модерна верзија на Дедо Мраз која сите ја знаеме е поемата „ A Visit From St. Nicholas “, од Clement C. Moore. Ја напишал за неговите деца во 1823, но семејната поема подоцна била објавена за јавноста. Thomas Nast, познат и почитуван сликар, инспириран од поемата, БИЛ ПРВИОТ ЧОВЕК ВО ИСТОРИЈАТА кој го нацртал портретот на денешниот Дедо Мраз, кои сите го знаеме.

Исто така, се верува и дека КОКА КОЛА Компанијата била таа која го креирала денешниот, модерниот Дедо Мраз. (Облеката на Дедо Мраз е со истите бои на логото на компанијата-црвена и бела). Иако ова е негирано, сепак, нема сомнеж дека КОКА КОЛА има голема улога во „ модернизирањето “ на дедото.

Во САД, неговото име е Santa Claus.
Во Кина тој се вика Shengdan Laoren.
Во Англија неговото име е Father Christmas (дедо Божиќ), и има подолг капут и подолга брада.
Во Франција тој е познат како Pere Noel.
Во Германија се вика Christindl, the Christ Child.
Во Бразил и Перу името му е Papa Noel.
Во Италија е Babbo Natale, што значи Татко Божиќ.
Во Мароко тој е познат како Black Peter.
Во Шведска Jultomten е името на човекот кој носи подароци.
Во Холандија тој е Kerstman.
Во Норвешка е познат како Julenissen. 

Еве 5 интересни факти кои можеби ќе ве натераат да размислувате поинаку за Дедо Мраз:

1. Ниеден познат вид на елени неможаат да летаат. Но, има 300,000 видови на живи организми кои сеуште не се класифицирани. Да, повеќето од нив се инсекти и бактерии, но сепак, ова не ја исклучува можноста да има летечки елени ( кои само Дедо Мраз ги има видено 🙂

2. Има 2 билиони деца на светот ( лица под 18 години ). Но, бидејќи Дедо Мраз не ги посетува Муслиманските, Еврејските, Будистичките и Хинду децата, тоа ја смалува неговата работа, и му преостануваат околу 378 милиони деца. Просечно, по 3.5 деца во домаќинство, тоа се 91.8 милиони домови. И да се претпостави дека има барем едно „ добро и умно “ дете во семејството.
( според Светското биро за популација )

Прочитајте и:  Вештачка интелигенција ја создаде празничната магија на Coca-Cola

3. Дедо Мраз има 31 час да работи за Божиќ, благодарение на различните временски зони и ротацијата на Земјата, претпоставувајќи дека тој патува од Исток кон Запад ( што звучи логично ).Тоа се 822.6 посети во секунда. Значи, тој има 1/1000 дел од секунда да се паркира, да излезе од санката, да се симне долу по оџакот, да ги наполни чорапите, да ги протресе останатите подароци под елката, да изеде се што има преостанато од храната, да се врати назад по оџакот, повторно да се качи на санката, и да продолжи во следната куќа.

Претпоставувајќи дека тој оди во секој од овие 91.8 милиони домови, тоа се 0.78 милји од дом, значи целосното патување е 75.5 милиони милји. Тука не се пресметани паузите при тоа патување, плус јадење итн. Тоа значи дека санката на Дедо Мраз се движи со 650 милји во секунда, 3000 пати колку брзината на звукот. Колку за споредба, најбрзото возило направено од човекот се движи со 27.4 милји во секунда, а „ стандарден “ елен може да трча најмогу 25-30 милји во секунда.

4. Тежината на санката е уште еден интересен момент. Да речеме дека секое дете добива подарок не поголем од еден медиум сет на ЛЕГО коцки. Тоа значи дека санката тежи 321300 тони, не сметајќи го Дедо Мраз, кој е опишан како претежок. На земја, елен може да влече товар не потежок од 13 килограми. Дури и да речеме дека „ летечки елен “ може да влече 10 пати повеќе, работата неможе да се заврши со 8, па дури ни со 9 елени-ќе требаат 214200 елени! А тоа нормално, би ја направила и санката потешка. Повторно, колку за споредба, тоа е 4 пати поголема тежина од носачот на авиони Queen Elizabeth.

5. 353000 тони патувајќи со брзина од 650 милји во секунда создаваат огромен воздушен отпор. Ова би го „ вжештело “ еленот исто како и вселенските шатлови кога влегуваат во Земјината атмосфера. Тоа значи, би изгореле во пламени, изложувајќи го еленот позади нив. Целиот „ тим на елени “ би „ исчезнал “ за 4.26 илајдити дел во секундата. Дедо Мраз, во меѓувреме, ќе биде изложен на центрифугални сили 17500.06 пати поголеми од гравитацијата.
Заклучок-АКО Дедо Мраз некогаш носел подароци на Божиќната вечер, тој сега е мртов.
 

- Реклама -