Знаете ли колку пива треба да испиете, а да не добиете пивски стомак

Ако дневно испиете нешто повеќе од пола литро пиво нема да ви порасне „пивски стомак“, ниту ќе се здебелите, бидејќи не постои механизам кој би влијаел на сладирање на мастите во пределот на стомакот како последица од конзумација на таа количина.

Но, ако испиете повеќе од литро пиво дневно и покрај тоа прекоумерено јадете, ќе ви се прошири половината , особено кај мажите.

Значи, умереното уживање во пивото не прави проблем, туку претерувањето со храна и пиење, а тоа го потврдиле бројни истражувања.

За мажите, тврдат експертите, добро е ако дневно се напијат 3-6 децилитри пиво, а за жените до 3 децилитри. Ако се придржувате кон таа препорака, нема ризик од зголемување на телесната тежина.

Пивото има слична енергетска вредност како млекото, а во него нема скриени состојки кои предизвикуваат дебелеење.

Во пивото повеќе од 90 проценти е вода. Тоа не содржи масти и  има низок удел во протеините.

Заклучок од бројните студии е дека не смее да се претерува со пивото, но едно шише во денот, без комбинација од бројни масти, не му штети никому.

 

- Реклама -