Поради премиерата на првата епизода од четвртата сезона, стриминг сервисот на мрежата HBO „паднал“.
Почна четвртата сезона на популарната серија „Game of Thrones“, а фановите на авантурата кои сакале да ја гледаат преку “HBO Go” сервисот останале без конекција за премиерата.
Стриминг сервисот на мрежата “HBO” паднал поради огромниот број посети, а многу од нви добиле порака „фатална грешка“.
“HBO” на Твитер призна дека дошло до пад на сајтот, а фановите ги замолиле епизодата да ја гледаат преку “HBO on demand” услугата, која чини 15 до 20 долари месечно, во зависност од услугата.