Неверојатно е како некои дизајнери умеат да создадат совршен план, со перфектно одбрани детали и елементи кои дури и најмалото и најобично место, можат да го претворат во симпатично, удобно, и визуелно пространо катче.
Овој минијатурен апартман, лоциран во Барселона, сведочи дека дури и ваквите станови, кои имаат само 21 метар квадратен, не мора да претставуваат проблем за комфорно секојдневие.
Познатиот шведски стил на уредување на ентериерот, повторно интервенираше во „проширувањето“ на тесниот простор, кој во овој случај овозможи живеење на дури три лица.