Со векови, црквата опишува како Исус Христос е распнат со раширени раце, хоризонтално на крстот. Распнувањето е прикажано во илјадници филмови, во обид да се долови бруталноста на таквата смрт. Но, едно ново научно откритие вели дека вистината е уште погруба од познатата верзија.
Интернационалната група на научници што го анализираше Торинското платно (се верува дека во него било завиткано телото на Исус при погребувањето) дојде до заклучок дека жртвата замотана во платното, всушност висела на крстот во облик на буквата Y (ипсилон), а не Т, како што е претставено во христијанската уметност.
Навидум нема многу разлика, но таквата позиција е придружена со многу повеќе болка и отежнато дишење, тврди еден од научниците. Се смета дека личноста распната во таква позиција веројатно починала од гушење.
Матео Борини од Ливерпул, заедно со еден научник од Универзитето Павија во Италија, ги истражувале разните пози на распнување, додавајќи донирана крв, за да утврдат дали крвавите ознаки одговараат на приказната за распнувањето на Исус. Според нивните заклучоци, лененото парче платно укажува на тоа дека крвта се лизгала по должината на рацете, но и на некои други повреди на телото. Во превод, трагите укажуваат на распнувањето, но само ако телото било распнато во форма на Y.
Слична позиција била користена и во средновековното мачење.