17-годишниот Фред Пиј успеа да го оствари она што за многумина претставува само сон. Тој игра игри по цел ден, а за тоа добива дури 24.000 долари годишно. Како му успева?
Секако не преку ноќ.
Имено, Пиј е експерт за познатата игра GTA, а парите ги заработува така што се снима додека ја игра играта, по што видеата ги прикачува на неговиот YouTube канал.
Некои од нив имаат и по два милиони прегледи. Тој добива околу 2000 долари месечно од рекламите на YouTube.
Вели дека неговите родители го поддржуваат во ова, бидејќи сепак, и покрај игрите, тој е одличен ученик на училиште.