Тој бил вампир, шпион, пилот и коктел мајстор… но во неговата последна улога, Том Круз се претвори во господар на загатката.
Опкружен со реквизити од некои од неговите најпознати иконски филмови, холивудската суперѕвезда постави предизвик на своите обожаватели: да се поврзе секој елемент од сликата со еден од неговите фимови.
Во надреалната сцена, 51-годишниот актер држи златна рипка во кеса, потсетува на сцена од еден од неговите најсакани филмови.
Идентификувањето на реквизитите е дел од натпреварот на empireonline.com, во кој можете и самите да учествувате доколку се чувствувате „компетентни“ за тоа. Но во секој случај, доколку ви е потребна инспирација, селекција на слики од неговите иконски филмови е покажана подолу.