Добродојдовте во приказната за зелената самовила Апсинт

1226085037.jpg Секоја капка,  секое шише, со себе носи историја која е стара над 200 години, која ќе ја разбуди имагинацијата дури и кај оние кои не се нарекуваат консументи на алкохол. Тоа е магичниот зелен пијалок Апсинт или зелената самовила.

absinthe.jpgСекоја капка,  секое шише, со себе носи историја која е стара над 200
години, која ќе ја разбуди имагинацијата дури и кај оние кои не се
нарекуваат консументи на алкохол. Тоа е магичниот зелен пијалок Апсинт
или зелената самовила.

Апсинт е пијолок кој во себе содржи 55-75% алкохол, чија основа е билката Artemisia Absinthium.

Уште од времето на Хипокрит и Питагора билката била позната како лек за многу болести, но приказната за пијалокот започнува во 1792 год. кога др. Пјер Ординер започнува да го произведува како лек против дизентерија и маларија. Пијалокот наскоро го добива името La Fée Verte или "зелена самовила", поради својата специфична боја. Овај лек многу брзо станува омилен пијалок помеѓу француските војници кои во апсинт почнале да додаваат анис за подобар вкус.

Апсинт започнува да ја добива својата популарност и бил извор за инспирации на многу уметници и членови на високото друштво (Ван Гог, Пикасо, Емил Зола, Ернест Хемингвеј, Оскар Вајлд и др.). Најголемата популарност ја доживува во периодот од 1880. до 1914, а само во 1910.консумирани се над 36 милиона литри апсинт. Попларноста на пијалокот се проширува и во САД, но 1912 американските власти го забрануваат пијалокот, а 1920 во времето на прохибиција, постои закон за потполна забрана на алкохол.

Сепак, пијалокот бил толку многу популарен, и секогаш се наоѓало начин да се продава. Некои дури апсинт го продавале како тоник за коса. Интересно е дека апсинт никогаш не бил забранет во Британија и Шпанија.  


Се пие на специфичен начин, во висока чаша во која има малку апсинт, се налива ледена вода над лажичка со шеќер. Секоја капка се претвора во снежно бела снегулка во зелениот апсинт. Шеќерот го подобрува горкиот вкус, а самиот чин на спремање на пијалокот дава дополнителна магија. Водата најдобро да стои во специјална фонтана, наменета за таа намена.

absinthe_greenfairy_oliva.jpg


Многу боеми го обожавале апсинт. Оскар Вајлд, еден од обожавателите на апсинт напишал : "Прв степен на опивање со апсинт не е ништо посебно, во вториот почнуваат да ви се привидуваат чудовишта, но ако издржите, на крај ќе дојдете до крајниот стадиум кога ќе почнете да гледате работи кои сакате да ги видите-прекрасни, работи кои не можат да се опишат".

Влијанието на апсинт не го избегнал ниту Холивуд. Многу режисери го искористиле апсинт во кадри кои дале одреден белег на филмот,  Мулен Руж, Од пеколот, Алфи, Пат низ Европа, Убиство по број и др.

Приказната за зелената самовила го продолжува патот од своето патување..
 

- Реклама -