Maлезискиот авион од денеска ќе се бара и под вода

Денеска ќе започе  подводната потрага по малезискиот авион во јужниот дел на Индискиот океан. До ова доаѓа само неколку дена пред да бидат истрошени батериите на уредите за снимање на податоците за летот, односно црните кутии.

Овие кутии можат да емитуваат звук само триесетина дена, а со оглед дека авионот со 239 патници и членови на екипажот исчезна на 8 март, времето е се пократко.

Досегашната потрага по авионот кој летал на линијата меѓу Куала Лумпур и Пекинг не донесе резултати.

Прочитајте и:  Фон дер Лајен спасила патник на лет за Брисел
- Реклама -