Ако ви здодеа да стоите пред полиците со куќна хемија имаме интересно решение за вас.
Не постои квалитетно средство за чистење на подовите кое чини помалку 250 денари, и да бидеме искрени, тоа не е мал трошок, а не сме сигурни дали имаат некои штетни состојки за нас, околината и самите подови.
Затоа можете да пробате со природно и проверено.
За бришење на овие површини ставете во кофа околу 2 литри млака вода и во неа додадете 4 лажици оцет. После тоа вашите подови нема да бидат лепливи, брзо ќе се исушат, а самата мешавина која сте ја користеле нема да му наштети никому.