Бомбаш се дигнал во воздух бидејќи не го наместил тајмерот на летно време (Видео)

Ирски бомбаш по грешка се дигнал во воздух, бидејќи бомбата му експлодирала еден час порано, поради промената на саатот, односно започнувањето на летното сметање на времето, пред неколку дена.Тој успеал да преживее, а во полицијата било пријавено дека по експлозијата бил пронајден човек кој бегал од местото на несреќата, прекриен во крв.

View image on Twitter

Полицијата изјави  дека бомбашот ја поставил експлозијата под Волво, во центарот на Даблин.

Органите на полицијата додаваат дека бомбата веројатно му експлодирала во лицето и дека има тешки повреди на предниот дел од телото.

Сведоците велат дека виделе крвав човек како бега од местото на несреќата и влегува во такси.

Истрагата за случајот, се уште е во тек.

ВИДЕО – Неколку минути по експлозијата

- Реклама -