Тест: Како полесно да ја оствариш целта?

Дали правиш планови во облаци? Дали успеваш да го оствариш планираното? Или можеби никогаш не ти успева тоа? Реши го тестот и откриј!

1. Еден твој другар планира да научи да свири гитара и да основа бенд. Што ќе го советуваш?

★  „Одлично! Сигурно ќе станеш славен!“

▲ „Добро е. Како можам да ти помогнам?“

♥ „Мораш да вежбаш, вежбаш, вежбаш!“

2. Една твоја другарка вели дека држи диета. Меѓутоа, таа постојано грицка чипс и јаде слатки. Што мислиш за тоа?

♥ Глупаво. Зошто сака да држи диета кога не може да издржи?

▲ Штета. Со својата лакомост никогаш нема да успее.

★ Вообичаена појава. Никој не може да им одолее на слатките.

3. Што мислиш: дали е важно во животот да имаш диплома?

▲ Се разбира, во спротивно не е можно да најдеш добра работа.

♥ Зависи од сопствениот талент. Ако некој сака да ја постигне целта мора да има диплома, но оцените не се толку битни.

★ На машките им е потешко. Женските можат да се потпрат на мажот.

4. Џепарлакот никогаш не е доволен. Дали знаеш некои трикови за да успееш да заштедиш некој денар?

★ Не. До 15-ти во месецот го трошам целиот џепарлак.

♥ Уф, најчесто ги замолувам мајка ми и татко ми да ми дадат пари кон крајот на месецот, затоа што веќе сум го потрошил/а целиот џепарлак.

▲ Секако. Ги распоредувам парите соодветно, а кога ќе останам без пари, чекам до почетокот на следниот месец за повторно моите да ми дадат џепарлак.

5. За време на една забава ти се укажува можност да и пријдеш на твојата симпатија. Што ќе и кажеш?

★ „Сакам да одам на крајот на светот. Дали сакаш да дојдеш со мене?“

б) „Дали знаеш дека постојано мислам на тебе?“

♥ „Верувај ми, јас сум најдоброто нешто што може да ти се случи во животот.“

6. Многумина имаат желби. Но, не се трудат да ги остварат. Дали и ти?

♥ Не. Знам точно што сакам.

★ Веќе се навикнав на тоа. Не се трудам да ги остварам желбите.

в) За важните нешта во животот потребна е иницијатива. Најчесто ми успева да ја остварам целта.

7. Секој трет малолетник пие алкохол. Која е причината за тоа?

▲ Веројатно се несреќни и немаат визија за животот.

♥ Виновни за тоа се родителите. Веројатно и родителите пијат.

★ Навистина е прекрасно да бегаш од реалноста со помош на алкохолот.

8. Кога планираш нешто големо, како успеваш да ја оствариш целта?

♥ Разработувам детален план како да стигнам до целта. Кога ќе наидам на проблеми, се консултирам со соодветни лица.

★ Си фантазирам како ќе изгледа реализацијата.

▲ Го договарам концептот со моите најдобри другари и ги слушам нивните ставови.

9. Секој доживува неуспеси. Како се справуваш со разочарувањата?

★ Бегам од реалноста. Сурфам неколку часа на интернет или играм софтверски игри.

♥ Детално размислувам каде погрешив и се обидувам следниот пат да не ја повторам грешката.

▲ Правам забава. На тој начин успевам да се ослободам од лошото расположение.

10. Дознаваш дека некој те озборува. Каква ќе биде твојата реакција?

▲ Побеснувам! Не сакам да ме озборуваат.

♥ Останувам опуштен/а. Што мислат другите за мене не ме засега.

★ Се чувствувам навредено. Постојано се трудам да не навредам никого.

БОДУВАЊЕ: Најчесто заокружуваната буква го дава решението.

Ѕвезда:

ТРНОРУШКА

Во својата фантазија си голема ѕвезда, посакуван модел, вечен победник. Но, додека живееш во твојот свет на сказните, животот тече, а шансите се пропуштаат…

Совет: Разбуди се! Имаш само еден живот, затоа не пропуштај ја шансата. Побарај луѓе што можат да те поддржат во твоите намери и почни да ги остваруваш твоите планови.

Триаголник:

БОРЕЦ

Настојуваш да ја оствариш целта. За тоа вложуваш големи напори. Но, и покрај тоа, во поголемиот дел од случаите доживуваш неуспех.

Совет: Не поставуај превисоки цели! Оди „чекор по чекор“ кон реализација и радувај се на секој мал успех. Тоа е најдобрата мотивација.

Срце:

КАРИЕРИСТ

Имаш челична волја, благодарение на која успеваш да ја оствариш целта по секоја цена. Сеедно ти е притоа што ќе ти се испречи пред патот. Подготвен си да ја жртвуваш љубовта, пријателството, па дури и да страдаш.

Совет: Запрашај се дали тое те усреќува. Запомни, егоизмот не води никаде, туку има трајни последици.

 

- Реклама -