Несаканата бременост може да се спречи на различни начини. Жените најчесто ги избираат контрацептивните пилули или спирали, но добрите стари кондоми никако не би требало да се потценуваат затоа што токму тие можат да ги спречат сите чести сексуално преносливи болести како што се кламидија вирусот, ХПВ, па дури и СИДА, но, исто така, гарантира и подобар секс.
Многу презервативи се сметани за нужно зло, но благодарение на новата технологија и богати понуди тој може да биде вашиот омилен сојузник во постигнување на најсилните оргазми поради тоа што делука како заштита, но и како сексуално помагало.
Без латекс
Како кај жените, така и кај мажите латексот е материјал кој понекогаш може да предизвика алергија. Затоа произведени се кондоми кои не ја содржат таа состојка. Критичарите велат дека магичната „гумичка“ е многу удобна и тенка.
Подмачкан
Овие кондоми се сојузници на многу жени чии партнери имаат тенденција кон прерана ејакулација. Тие се повеќе „подмачкани“ со лубрикант и ќе ви овозможат помало триење кое на мажите ќе го одложи оргазмот, а на жените ќе го продолжи задоволството.
Со текстура
Исто како лубрикантот кој може да го продолжи сексот така и текстурата на кондомот може да го зачини. Тоа е причината која е направен овој презерватив украсен со дискретни испакнатини, кои за време на сексот обезбедува зајакната стимулација.
Со вкус
Ако сакате во сексот да внесете ново задоволство, зачинете го со сладок вкус. Станува збор за презервативи кои имаат слатки, овошни вкусови, а наменет е за оние кои сакаат и орален секс.
Екстра сигурни
Ако сакате да бидете сигурни дека во текот на сексуалниот однос сте заштитени, посегнете по екстра безбедните кондоми. Тие се малку подебели од обичните и повеќе подмачкани со лубрикант. Исто така, полесно се нанесува и подобро придржуваат и на партнерите обезбедуваат поголема безбедост, кое може да резултира со поопуштен секс.