Аксис Мунди дизајн, мултидисциплинирана фирма во Њујорк, смислила шарен и светол интериер на еднособен стан од 67 квадратни метри во Менхетен.
Тимот одговорен за дизајнот се фокусирал на обележување на извонредните карактеристики на областа.
Почнувајќи од шарениот под, јајце-столици, стаклена масичка за кафе и спректакуларен лустер, станот изгледа многу модерно и шик.
Хроматската живост го исполнува станот со силна позитивна енергија и се чини дека станот „сјае“. Интересен детал, како што се живо обоени перничињата, модерниот камин, веселиот тепих и заоблените прозорци создаваат силно чувство на удобност и софистицираност.
Скалите од челик водат до галерија во која се наоѓа спална соба, која е заштитена од поглед со стаколо-огледало, а прекрасно одговара синиот ѕид зад креветот.