Не фрлил ѓубре веќе 20 години

Комуналците од Далас морале да копаат цели два дена низ купот ѓубре, за да стигнат до телото на 67-годишникот.

Скип Бајнам со години и години собирал се што му треба и не му треба во неговиот дом, додека конечно количината на отпад не го затрупала неговото мртво тело. Причината за смртта не е позната, но интервентните екипи морале да влезат преку кровот. Локалните медиуми јавуваат дека Скип имал насобрано куп висок 4 метри, во кои надлежните нашле неверојатни нешта, меѓу кои и живо куче (чивава), коски на мртов ракун и уште две починати кучиња. Најзапрепастувачки биле купиштата пластични амбалажи за млеко, полни со измет и урина. Веројатно починатиот морал да ги користи за нужда бидејќи не можел да стигне до тоалетот.

1091294-1[1]

„Сите знаевме каков проблем има тој, но не ни помислувавме дека во куќата има толку многу отпад“, вели една од соседките.
„Искрено, мене ми се чини дека нема фрлено ѓубре веќе 20 години“, вели друга сосетка, притоа нагласувајќи ја опасноста од собирање на улични кучиња ако отпадот не се отстрани во скоро време.

- Реклама -