Баунти рецепт од 4 состојки, готов за 10 минути

Баунти се познати мали чоколади во чиј вкус уживаат сите оние кои ја сакаат комбинацијата од кокос и чоколада. Сакате ли да си ги приготвите сами?

Испробајте го овој супер едноставен рецепт за кој ви се потребни само четири состојки и 10-ина минути.

Состојки:

-200 мл. пастеризирано млеко
-150 г. трошки кокос
-400 г. шеќер
-400 г. чоколадо

Подготовки:

1.Во сад истурете млеко и додадете ги трошките кокос.

2. Додадете шеќер и се заедно добро промешајте додека не добиете густа, кремаста смеса.

3. Пренесете ја смесата во калапи или обликувајте ја со вашите раце, и ставете ја во фрижидерот се додека потполно не се олади.

5. Едно по едно потопувајте ги целосно во однапред стопената чоколада и вратете ја во фрижидерот повторно да се олади и стврдне.

Уживајте во овој фантастичен десерт!

Видео:

- Реклама -