4 грешки при машката мастурбација

Ќе се запрашате што има толку комплицирано кај машкото самозадоволување? Се што ви треба е рака и полов орган. Сепак, понекогаш, играњето со „пријателот“ може да предизвика одредени компликации, па од задоволство да се претвори во непријатно искуство.

Од играчка плачка

Еден 29-годишен маж завршил во болница откако 2 дена повраќал, имал треска и отекување на пенисот. Откако бил прегледан му била дијагностицирана посебна бактериска инфекција. Како ја добил? Од премногу честа мастурбација. Толку многу мастурбирал по што направил ранички на пенисот, погодни за развивање на бактерии. Затоа кога се самозадоволувате внимавајте да не претерате.

Не стискајте премногу

Дури 60 проценти на фрактурите на пенисот настануваат при мастурбација поради лошо движење и премногу јак стисок. Многу мажи се самозадоволуваат под погрешен агол што предизвикува оштетување на пенисот, па дури и перманентно губење на неговата функција.

shutterstock-male-masturbation

Сменете ја раката

Мажите често користат само една рака со цел што побрзо и полесно да се доведат до климакс. Но, тоа може да има негативни последици затоа што пенисот се навикнува само на едно движење и потоа не може да се стимулира на друг начин.

НЕ – за мастурбација на суво

Самозадоволувањето на суво може да предизвика рани и пукнатини на кожата, црвенило и болка. За да ги избегнете овие негативни ефекти користете лубрикант кој ќе ви го зголеми задоволството, а воедно нема да биде штетен за пенисот.

- Реклама -