Емотивец или опесивец: Изберете диета според вашиот карактер

Нутриционистите соработуваат со научниците во потрага по најефикасни методи за слабеење, а според најновите сознанија од неврологијата, треба да се земе во предвид и факторот на човековата личност.
Со други зборови, различните типови на личност имаат различен пристап кон губење на тежината. Според оваа теорија, она што и одговара на една личност, кај друга може да предизвика спротивен ефект. Според наодите на психолозите, кога станува збор за губење на тежината, постојат четири типа на личности. Ако се препознаете во една од нив, дознајте на кој начин можете најефикасно да ги изгубите вишокот килограми.

1. Компулсивен тип

Доколку имате тенденција на опсесивно однесување, сакате работите секогаш да бидат решени на начин кој вас ви одговара, ако чувствувате стрес и емоционален немир кога нешто се случува во спротивност од вашите желби, постои веројатна можност да се компулсивен јадач.

Доколку спаѓате во оваа група, нема да имате успех со диетите базирани на протеини. На вас ви е потребна исхрана со здрави калории која содржи висок процент на здрави јаглехидрати, како и редовен кардио тренинг кој ќе го подигне нивото на серотин.

Тоа е хормон на среќата, кој ќе го намали стресот и анксиозноста, и ќе ви помогне да се одвикнете од закуските пред спиење.

2. Емоционален тип

Во случај да ви недостига енергија и самодоверба, и се доживувате како самец кој го следи песимизам и срамежливост, големи се шансите да припаѓате во групата на емотивни јадачи.

Во тој случај, диетите со високо ниво на јаглехидрати и протеини нема многу да ви помогнат. Ви се препорачува исхрана типична за медитеранската клима. Таков тип на исхрана ќе ви обезбеди умерена доза хранливи материи, вклучувајќи ја мрсната риба, житарки, свежо овошје и зеленчук.

Прочитајте и:  Како да се изгубат 5-10 килограми до Божиќ?

Исто така, водите грижа за квалитетно внесување на омега-3 масните киселини и витаминот Д, и редовно спијте. Работете и на вашите комуникациски вештини, бидејќи дружењето со луѓе ќе помогне на вашето расположение, и дополнително слабеење.

3. Импулсивен тип

Ако имате личност на импулсивен јадач, лесно ви се одвлекува вниманието и имате проблеми со концентрацијата. Често ги прекинувате луѓето додека зборуваат, а единствено можете да се смирите со помош на никотин и кофеин. Неретко знаете да изгубите работи.

Ако сакате да ослабете, мора да ги заобиколите јаглехидратите и да се држите до диета богата со протеини. Пијте многу зелен чај, одете на кардио-тренинг и развивајте медитативна духовност за да ја смирите лошата страна на својот менталитет.

Обитете се со Аткинс или Дукан диетата или конзумирајте што повеќе бело пилешко и мисиркино месо, свежо кравјо сирење и јогурт.

4. Анксиозен тип

Тенденција на паничење, недостаток на самодоверба, заобиколувајќи ги конфликтите и чести главоболки предизвикани од стрес, се карактеристики на аксиозниот јадач.

Од исхрана со малку калории, нема да имате корист. Очајно ви се потребни придобивките од макробиотичка и вегетаријанска кујна, како и се што го зголемува нивото на витамин Ц и Б6. Глутаминот и магнезиумот дополнително ќе ви помогне во оддржувањето на телесната тежина, а немојте да ги прескокнувате вежбите за дишење, и различни типови на јога.

Се разбира држете се подалеку од никотинот, кофеинот и алкохолот и внимавајте во секојдневната исхрана да имате повеќе оревкасти плодови, цитрус, кафеав ориз и брокула.

- Реклама -