Како да танцувате за да ги запалите девојките во клубот?

Вашите танц-потези можат да ги одредат вашите шанси да „постигнете погодок“ ако танцувате со згодна девојка во дискотеката. Па, кои се вистинките потези?

Научниците и еволуционите билози од универзитетите Нортхумбриа и Готинген неодамна ги насочија своите научни знаења и методи кон тоа да пронајдат кои се вистинските машки танц-потези, кои најмногу ќе ги заинтересираат девојките (читај: запалат).

o-DANCING-WEDDING-facebook[1]

Вашингтон Пост пишува:

„Научниците регрутираа 30 мажи да танцуваат на одреден ритам за време од 30 секунди. Танчарите танцуваа како што знаат и умеат, без никакви инструкции, а нивните движења беа снимени со софистициран систем за мониторинг на движење. Танцот на секој од нив беше искористен за анимирање на „безкарактерен“, „полово-неутрален“ аватар. Научниците прашаа 37 жени да го оценат танцувањето на секој од аватарите, на скала од 1-7.

Еве кои танц-движења најмногу ги палат жените:

А еве на што реагираат најнегативно:

Научниците заклучија дека жените повисоко ги оценуваат оние што демонстрираат поразновидни и пошироки движења на главата, вратот и телото. Брзината на движење на нозете исто така има улога, особено превиткувањето и „твистингот“ на десното колено. Се чини, левото колено е сосема неважно. Не само тоа, туку некои од движењата со левото колено дури и се одразуваат на оценките, во негативна смисла. Движењата на рацете, пак, изгледа дека немаат никаква врска со оценувањето на способноста за танцување.

Иако заклучоците од студијата не се од голема важност, сугерираат дека има некоја стара и подлабока вистина во фразата „две леви нозе“.

Па, ете. Следното излегување, пробајте го „добитничкиот“ танц и можеби ќе имате повеќе среќа со дамите.

- Реклама -